Трамп ја предложи Кристи Мекормик за амбасадорка на САД во Македонија

Макфакс

10/11/2026

12:30

343

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик за амбасадорка на САД во Северна Македонија. Номинацијата треба да ја потврди Сенатот, по што таа ќе ја превземе должноста.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија.

Мекормик е меѓу 22-та кандидати номинирани за различни дипломатски и државни функции, вклучувајќи амбасадорски позиции во Пакистан, Обединетите Арапски Емирати, Бурунди, Сенегал и Мали.

Номинацијата на Мекормик треба да биде разгледана и потврдена од американскиот Сенат. Доколку биде потврдена, таа ќе може да биде именувана за амбасадорка на САД во Северна Македонија, а официјално ќе ја преземе должноста по предавањето на акредитивните писма.