Вардар и Алкалоид ќе играат во малата сала, влезот за дербито е ограничен

Точка

10/11/2026

11:40

290

Големина на фонт

а а а

Вардар потврди дека дербито со Алкалоид ќе се игра в сабота од 18:30 во малата сала на „Јане Сандански“. На трибините ќе можат да влезат само сопствениците на пластични сезонски картички и членовите на „Комити“.

Вардар и Алкалоид ќе се сретнат в сабота, 14 ноември, од 18:30 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. Вардар денеска го потврди терминот за дербито од 10. коло во ракометната Суперлига и соопшти кој ќе може да го следи натпреварот од трибините.

Поради ограничениот капацитет, влез ќе имаат сопствениците на пластични сезонски картички и членовите на навивачката група „Комити“. Според клубот, големата сала на „Јане Сандански“ и други соодветни сали во Скопје се зафатени. Вардар понудил и подоцнежен термин, но тој не се вклопил во распоредот на Алкалоид.

Навивачите на Вардар на дербито со Еурофарм Пелистер на 1 ноември (архива)

Навивачите на Вардар на дербито со Еурофарм Пелистер на 1 ноември (архива) | Фото: РК Вардар 1961

Два бода разлика на врвот

Вардар влегува во дербито со девет победи од девет натпревари и 18 бода. Алкалоид е втор со 16 бода и со победа би се израмнил со Вардар по бројот на бодови. Во последното коло пред репрезентативната пауза, Вардар го совлада Еурофарм Пелистер со 31:23, а Алкалоид славеше против Прилеп со 37:27.

Клупско соопштение за терминот и влезот на натпреварот