Во Куманово ќе биде отворена изложба на сликита наречена „Боите“ од Боро Арсовски, која содржи триесетина дела од неговото најново творештво и е поддржана од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.
На 12.11.2026, /четврток/ со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложбата “Боите“ од авторот Боро Арсовски. Изложбата содржи триесетина слики од најновото творештво на Боро Арсовски и е проект поддржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.
Боро Арсовски е роден 1964 год во Скопје.
Средно Уметничко Училиште и Факултет за Ликовни Уметности завршил во Скопје. Дипломирал на ФЛУ во 1990 год.
Член на ДЛУМ од 1990 год.
Професионални ангажмани : Ликовен педагог, сценограф, дизајнер, фоторепортер, во моментов вработен како редовен професор во ДСУЛУД Лазар Личеноски, Скопје.
Ликовни настапи: Учества на повеќе групни изложби во земјава и надвор од неа, како и на повеќе групни ликовни колонии, ликовни или мулти медиски хепенинзи. Неколку самостојни изложби во земјава.
За своето творештво авторот Боро Арсовски ќе запише: Сликите кои се создадени во последните неколку години се пресвртница во мојот пристапот кон платното. Главно се одликуваат со директно фрлени бои , сирови и оставени да се рефлектираат и измешаат во окото на тој што стои пред нив. Бои “не дозирани“ во слугување на сликата во било каков контролиран хармонски однос. Напротив! Нив ги поврзува единствено целосното препуштање на спонтан, речиси непромислен креативен импулс. Придвижување на сите сетила во процесот на креирање и гледање на делото. Изоставајки ги зад себе сите додворувања преку претходна формула или концепт за некаква успешна слика. Чиста колористичка авантура која говори многу повеќе од сите зборови. Боја која ќе се трансформира од материјал во чисти лични чувства за секого од нас.
Изложбата ќе биде поставена до 25.11.2026.












