Кинескиот извоз во октомври пораснал за 35,2 отсто, а увозот за 41,6 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат царинските податоци.
Пристаништето Јангшан, архивска фотографија. Фото: Acstar / Wikimedia Commons
Кинескиот трговски суфицит од почетокот на годината до крајот на октомври надмина илјада милијарди долари. Податоците на кинеската царина беа објавени на 10 ноември.

Контејнерскиот терминал Јангшан, архивска фотографија. Фото: Reb42 / Wikimedia Commons · CC BY 3.0
Во октомври извозот пораснал за 35,2 отсто, а увозот за 41,6 отсто на годишно ниво, пренесе „Саут Чајна морнинг пост“.
Иако увозот во октомври растел побрзо од извозот, вкупната вредност на кинескиот извоз од почетокот на годината и натаму значително ја надминува вредноста на увозот.








