Повикот е отворен до 20 ноември. Барањата се поднесуваат во општинската архива, а средствата се доделуваат по редослед на пријавување.
Жителите на Карпош со попреченост можат да поднесат барање за еднократна помош од 5.000 денари. Повикот почна на 9 ноември и трае до петок, 20 ноември, објави Општина Карпош.
Комплетната документација се доставува во архивата на општината. Средствата ќе се доделуваат по редослед на поднесување на барањата, до исцрпување на предвидениот буџет.

Станбени згради во Карпош, архивска фотографија. Фото: Делфина / Wikimedia Commons
Архивски фотографии: Alexandar Vujadinovic, Делфина, CC BY-SA 4.0.
Што се поднесува со барањето
Меѓу бараните документи се трансакциска сметка на име на подносителот и документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. Целосниот список и образецот се во општинскиот повик. Помошта е дел од програмата за социјална заштита за 2026 година и се доделува по повод 3 Декември, Денот на лицата со попреченост.








