Акциите на „Софтбанк“ скокнаа 15 отсто во утринското тргување во Токио

Точка

10/11/2026

06:48

401

Големина на фонт

а а а

Азиските берзи пораснаа по закрепнувањето на технолошките акции на Волстрит. Јапонскиот „Никеи 225“ доби 2,6 отсто, а јужнокорејскиот „Коспи“ 4 отсто.

Влезот на Токиската берза, архивска фотографија. Фото: Suicasmo / Wikimedia Commons

Акциите на јапонската „Софтбанк груп“ пораснаа за 15 отсто во утринското тргување во вторникот, пред објавувањето на кварталните резултати. Ден претходно цената на акцијата беше на најниско ниво во последната година, пренесе Асошиејтед прес.

Токиската берза

Внатрешноста на Токиската берза, архивска фотографија. Фото: Syced / Wikimedia Commons

Во истиот пресек, јапонскиот „Никеи 225“ порасна за 2,6 отсто, а јужнокорејскиот „Коспи“ за 4 отсто. Меѓу добитниците беа и производителите на чипови „Самсунг електроникс“ и „СК Хајникс“.

Растот во Азија следуваше по закрепнувањето на американските акции од загубите претходната недела. Процентите се од утринското тргување.