Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, повторно ја шокираше јавноста кога, како што се покажа, објави лажни тврдења дека е киднапиран и приведен, а сето тоа поради снимање видеоклип!
Сè започна кога на неговиот профил на „Instagram“ беше објавена информација дека е приведен.
– Бака е приведен денеска околу 6 часот наутро. Моментално не знаеме каде е ниту како е. Имаме снимка од камерите на маскираните лица што влегоа во станот и го одведоа – засега нема да ја објавиме бидејќи чекаме информации. Сè уште не добивме одговор на барањето на адвокатот – пишуваше на профилот.

Потоа се огласи обвинителството, кое наведе дека ги проверува овие тврдења, за на крајот да се покажа дека сè е лага.
– По извршените проверки во врска со наводите објавени на социјалната мрежа „Instagram“, на профилот „bakaprase“, за „одведувањето на Б. И. од страна на маскирани лица“, како и за неговото апсење поради поврзаност со „Alta banka“, Вишото јавно обвинителство во Белград и полициските службеници од Полициската станица Савски венац утврдија дека станува збор за лажни наводи. Во воспоставената комуникација со полицијата, Б. И. појасни дека наведените тврдења се објавени бидејќи снима „клип“ што ќе го објави на својот канал на „YouTube“ – изјави извор за „Kurir“.

„Kurir“ дојде до снимка на која се гледа како Бака Прасе ја напушта зградата со пријателите, облечени во униформи и со пушки, за кои засега не е утврдено дали се вистински или реплики. Видеото можете да го погледнете ТУКА.












