Наместо да штеди за пензионерските денови, потрошила најмалку 70.000 евра на семејството: Имала само еден услов

Точка

09/11/2026

19:10

715

Големина на фонт

а а а

Магда Веркамер (67) од белгискиот град Ауденарде го прославила своето пензионирање така што почестила 68 членови на семејството со патување во Тунис, кое чинело најмалку 70.000 евра.

Таа минатата недела организирала патување на островот Џерба во Тунис за целото семејство, со ол-инклузив аранжман, истакнувајќи дека нејзините пари на крајот и онака ќе им припаднат ним, па затоа сака сега да ужива во нив заедно со своите најблиски, пренесе „ВРТ“.

„Беше навистина фантастично“, изјавила Веркамер, наведувајќи дека не можеле сите членови на нејзиното семејство да отпатуваат во Тунис, бидејќи некои од нив имале предавања на факултет, додека други живеат во Америка или не можеле да патуваат од здравствени причини.


Таа раскажала дека во Тунис, во текот на денот, секој правел што сака, но имала само едно барање – сите да бидат заедно на маса во 18:30 часот.

Веркамер работела како раководителка на службата за социјална работа во компанијата за здравствено осигурување „ЦМ“, била директорка на дом за стари лица во Гент и комерцијална директорка за областа на грижа за стари лица во компанијата „Cevi“.

Веркамер и пред 13 години организирала патување за целото семејство, кога наполнила 55 години, а тогаш почестила 56 роднини.

Фото: ВРТ