Кривична пријава против 22-годишник од Дебарско за вонбрачен живот со малолетничка

Макфакс

09/11/2026

14:00

245

Големина на фонт

а а а

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 22-годишен жител од дебарско село поради сомнение за вонбрачен живот со малолетничка, по што е извршен службен разговор и приведување.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц. (22) од дебарско село поради сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

На 13 август годинава, 22-годишникот започнал вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако по претходен договор ја зел со автомобил во близина на нејзиниот дом, велат од МВР.

По преземените мерки, полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи, во присуство на член на семејството на малолетничката, извршиле службени разговори, по што 22-годишникот бил приведен.