Мајка од Скопје е уапсена во затворот Идризово поради пронајдена марихуана во пакетот што го носела на својот син затвореник. МВР соопшти дека случајот е во процес на документирање и ќе биде поднесена соодветна пријава.
Шеесет и петгодишна скопјанка вчера била уапсена во затворот „Идризово“, откако во пакет што го донела за својот син, кој издржува затворска казна, била пронајдена марихуана.
Според информациите од МВР, на 8 ноември, околу 10 часот, при преглед на пакетот била пронајдена и одземена марихуана, по што полициски службеници во 11:30 часот ја лишиле од слобода Џ.Ф. (65) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.








