Во Париз се бараат средства за поправка на заштитниот свод во Чернобил

Точка

09/11/2026

13:48

209

Големина на фонт

а а а

За целосна поправка на конструкцијата над оштетениот реактор се потребни најмалку 500 милиони евра. Франција, Украина и ЕБОР организираа донаторска конференција во Париз.

Франција, Украина и Европската банка за обнова и развој на 9 ноември во Париз одржаа донаторска конференција за поправка на заштитниот свод во Чернобил. Според француското Министерство за економија, целта е да се обезбедат нови придонеси за санација на конструкцијата, оштетена во напад со руски дрон во февруари 2025 година.

Францускиот министер за економија Ролан Лескир рече дека веќе се собрани 260 милиони евра, а дека целта е до пролетта 2027 година да се обезбедат 500 милиони евра. Тој повика во финансирањето да се вклучат повеќе земји, пренесе АФП.


Заштитната конструкција над реакторот 4, архивска фотографија. Фото: Mattias Hill, CC BY-SA 4.0.

Челичниот свод беше поставен во 2016 година над бетонскиот саркофаг изграден по несреќата во 1986 година. Според ЕБОР, поправките треба да завршат до 2030 година за да се ограничи ризикот од корозија и да се зачува предвидениот век на конструкцијата.

Архивски кавер: Omar David Sandoval Sida, CC BY-SA 4.0.