Ѓорѓиевски со амбасадорот на Швајцарија – Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Макфакс

09/11/2026

12:50

264

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се сретна со амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Сомер, за да разговараат за зајакнување на партнерствата и размена на искуства кои ќе придонесат за развојот на градот и подобрување на животот на сограѓаните.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

– Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани – рече на средбата градоначалникот.