Општина Аеродром ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрирани возила од јавните паркинзи

Макфакс

09/11/2026

12:30

319

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрираните возила од јавните паркинзи со цел ослободување на јавните простори и воспоставување комунален ред, спроведувајќи контроли и санкции согласно законските прописи.

Од Општина Аеродром известуваат дека продолжуваат со конкретни активности за ослободување на јавните паркинзи и воспоставување комунален ред.

По претходно известување на сопствениците и спроведена постапка, општинскиот Инспекторат активно ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрираните возила од јавните површини, соопштија од општината.

Возилата се подигаат со шлеп-служба и се транспортираат на општинското депо, со што се ослободуваат паркинг-места и простор за граѓаните.

Активностите опфаќаат и возила нерегистрирани повеќе од три години, како и камп-приколки и чамци оставени на јавни паркинзи. За утврдените неправилности ќе следуваат отстранување и соодветни санкции согласно со законските прописи.

Општина Аеродром ги повикува сопствениците навремено да ги отстранат возилата што подолг период зафаќаат јавен простор.

„Повеќе слободни паркинг-места, повеќе ред и почист Аеродром. Општината продолжува со доследни контроли и спроведување на мерките на целата територија“.