Во Скопје од 11 до 26 ноември ќе се одржи 27. издание на фестивалот Есенски музички свечености со настапи на студенти од Факултетот за музичка уметност, камерни состави и солистички концерти во концертната сала на ФМУ и Културно-информативниот центар.
Со пет концертни вечери, од 11 до 26 ноември во Скопје ќе се одржи 27. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“.
Годинешната програма опфаќа настапи на студенти од Факултетот за музичка уметност, камерни состави, дуо и солистички концерти, кои ќе се одржат во концертната сала на ФМУ и во Културно-информативниот центар.
11 ноември, среда
Отворање на фестивалот „Есенски музички свечености“
Концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, 20:00 часот
• Концерт на студентите при Факултетот за музичка уметност – Скопје
„60 ГОДИНИ ФМУ СКОПЈЕ“
16 ноември, понеделник
Културно-информативен центар – КИЦ, Салон 19:19, 20:00 часот
• Камерен концерт – SOUNDSCAPE TRIO, Србија
„МЕЃУ НАСМЕВКИТЕ И СОЛЗИТЕ“
Андрија Минчиќ – кларинет
Тадија Минчиќ – фагот
Никола Цветковиќ – пијано
23 ноември, понеделник
Концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, 20:00 часот
• Концерт на студентите при Факултетот за музичка уметност – Скопје
„60 ГОДИНИ ФМУ СКОПЈЕ“
25 ноември, среда
Културно-информативен центар – КИЦ, Салон 19:19, 20:00 часот
• Концерт на дуото Зоран Станишиќ – пијано и Стефан Котевски – виолина
„СОНАТНИ ПРИКАЗНИ“
Гости:
Јосипа Василевска – флејта
Злате Огњановски – фагот
26 ноември, четврток
Културно-информативен центар – КИЦ, Салон 19:19, 20:00 часот
• Солистички концерт на Хатиџе Салиева – виолина
Антонио Вивалди – „ЧЕТИРИТЕ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“








