Живеел во вонбрачна заедница со малолетничка: уапсен 22-годишник од Дебарско

Макфакс

09/11/2026

12:00

322

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Дебар уапси 22-годишник поради сомнение за вонбрачен живот со малолетничка, по преземени мерки од полициски службеници и Центарот за социјални работи.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22) од дебарското село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

Според полицијата, на 13.08.2026 пријавениот остварил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако, по претходен договор, со неговиот автомобил ја земал во близина на нејзиниот дом.

По преземени мерки, тим од полициски службеници и од Центарот за социјални работи, во присуство на член од семејството на малолетничката, извршија службени разговори, по што, С.Ц. беше лишен од слобода.