ЈП Паркинзи на Општина Центар со специјалните возила „Пајак“ во периодот од 01.11 до 08.11.2026 година отстранија 143 непрописно паркирани возила за да го подобрат одвивањето на сообраќајот и да ја зголемат безбедноста на улиците во општината.
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 01.11 до 08.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.








