Камион со приколка излетал од патот Прилеп – Градско и удрил во заштитната ограда, возачот тешко повреден

Макфакс

07/11/2026

16:00

350

Големина на фонт

а а а

Тешка сообраќајна несреќа се случила на експресниот пат Прилеп – Градско, откако камион со приколка излетал од коловозот и удрил во металната заштитна ограда. Возачот се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 6 ноември, во 20:40 часот, во ОВР Кавадарци.

Во несреќата учествувало влечно возило „ман“ со приколка и скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Д.П. од селото Стојаково, општина Богданци.

Возачот бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.