На средбата од 6 ноември во фокусот биле економските врски, швајцарската развојна поддршка и безбедноста во Европа.
Економската соработка и европската интеграција биле главни теми на средбата на Тимчо Муцунски и Ињацио Касис во Скопје на 6 ноември. Шефовите на дипломатиите на Македонија и Швајцарија разговарале за поголема трговска размена, инвестиции и можности за компаниите, пренесе МРТ.
Муцунски ја истакнал намерата економските врски да добијат поголема тежина во билатералните односи и да донесат конкретни придобивки за граѓаните.

Тимчо Муцунски и Ињацио Касис на средбата во Скопје на 6 ноември 2026. Фото: МРТ
На средбата била нагласена и швајцарската развојна поддршка, која трае од 1992 година, особено придонесот на програмите за јакнење на институциите.
Разговорите ја опфатиле и европската интеграција. Муцунски ја повторил определбата за полноправно членство во ЕУ и за продолжување на реформите и приближувањето кон европските стандарди.
Соговорниците размениле мислења за швајцарското претседавање со ОБСЕ и безбедносните состојби во Европа, со акцент врз дијалогот, довербата и стабилноста.
Извор: МРТ, 6 ноември
Тимчо Муцунски и Ињацио Касис на средбата во Скопје на 6 ноември 2026. Фото: МРТ








