Прегазен пешак во Скопје

Макфакс

06/11/2026

12:50

344

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се случи сообраќајна несреќа кога товарно возило удри 68-годишен пешак кој претрпе тешки повреди. Полицијата изврши увид на местото на настанот.

Во СВР Скопје вчера во 15:00 часот е пријавено дека на ул„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.