Во источна Франција се случи сериозна автобуска несреќа близу границата со Швајцарија, при што има повеќе повредени и спротивставени информации за видот на автобусот. Министерството за образование и локалните власти даваат различни информации за типот на возилото и бројот на жртви.
Во автобуска несреќа што се случи утрово во источна Франција, во близина на границата со Швајцарија, има повеќе настрадани лица, потврдија локалните власти, пренесува.
Засега има спротивставени информации за видот на автобусот. Министерот за образование Едуар Жефре изјави дека станува збор за училиштен автобус, додека префектот на регионот наведе дека во несреќата учествувал меѓуградски автобус.
Француската телевизија БФМ ТВ објави фотографија од сино-бел автобус навален кон ендек покрај патот, додека околу него стоела група луѓе.
Телевизијата јави за двајца загинати, но портпарол на цивилната заштита изјави дека не може да потврди смртни случаи. Ниту префектурата не можела да потврди дека има загинати, изјавиле оттаму.
Министерот за транспорт Филип Табаро соопшти дека е на пат кон местото на несреќата.
Според дополнителните информации на францускиот весник „Л’Ест Републикан“, несреќата се случила во близина на местото Лан, јужно од Бург ан Брес. Градоначалникот Ив Кристен изјавил дека автобусот излетал од патот и удрил во дрво во ендек, при што две лица доживеале срцев застој, а повеќе други биле повредени.








