Денес на СФФ 2026: Интензивни авторски приказни, европски остварувања и мастерклас со Драган Бјелогрлиќ

Макфакс

06/11/2026

10:40

264

Големина на фонт

а а а

Вториот ден на 26. Скопје Филм Фестивал нуди богата програма со авторски приказни, европски филмови и регионални имиња, вклучувајќи мастерклас со Драган Бјелогрлиќ и прикажување на значајни филмови во Кино „Фросина“ и Клуб МКЦ.

Вториот ден на 26. Скопје Филм Фестивал носи содржајна и разновидна програма што ги спојува култната филмска традиција, современите европски краткометражни филмови и големите регионални кинематографски имиња.

Денот започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со вториот фестивалски мастерклас со познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој пред домашната публика и младите филмски професионалци ќе сподели искуства за создавањето на кинематографски хит-остварувања и регионални копродукции.

Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамките на А1 Кинотека, ќе биде прикажано ремек-делото на Горан Марковиќ, „Национална класа“.

Попладневниот и вечерниот блок во Кино „Фросина“ носат исклучително моќни наслови. Во 17:00 часот се прикажува бразилско-француската драма „Изабел“ на Гејб Клингер, по што во 19:00 часот следи документарно-играната драма „Нема рај ако те убие жена“ во режија на Халкавт Мустафа (Норвешка/Ирак), која ја следи потресната приказна за снајперистка во пресрет на потрагата по својата сестра во Мосул.

Фестивалската вечер во МКЦ ќе биде заокружена во 21:00 часот со проекцијата на врвното филмско остварување „Фјорд“ на истакнатиот романски режисер Кристијан Мунџиу, додека Себастијан Стен толкува една од главните улоги.