Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Овалниот кабинет во Белата куќа за национален споменик со цел да го заштити од значителни промени, додека идните претседатели сепак може да вршат изменувања кои не ја нарушуваат историската структура.
Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Овалниот кабинет во Белата куќа за национален споменик, со цел да го заштити неговиот историски и архитектонски изглед од значителни промени во иднина, пренесува „Би-би-си“.
Трамп во четвртокот (5 ноември) потпиша претседателски проглас со кој посебен статус добија Овалниот кабинет, соседните простории и салата за состаноци со членовите на администрацијата.
„Го прогласуваме за национален споменик и никој нема да смее да го допира, уништува или руши“, изјави Трамп, нагласувајќи дека Овалниот кабинет е еден од најпрепознатливите симболи на САД.
Сепак, прогласот не им забранува на идните претседатели да го менуваат мебелот и декорациите, ниту да вршат вообичаени безбедносни и функционални приспособувања, доколку не ја нарушуваат историската структура на просториите.
Според документот објавен од Белата куќа, за заштитата на просториите ќе биде задолжена Службата за национални паркови, а поголемите интервенции ќе подлежат на дополнителна проверка.
Трамп за време на својот втор мандат го преуреди Овалниот кабинет, додавајќи бројни златни украси. Правни експерти за Би-би-си посочуваат дека новиот статус не значи дека идните претседатели ќе мора да го задржат неговото уредување.








