ФБИ предупреди: Внимавајте на вашите фрижидери

Макфакс

05/11/2026

20:47

407

Големина на фонт

а а а

ФБИ и други владини институции предупредуваат за сериозна сајбер закана против индустриските системи за ладење кои може да доведат до физички последици и ризици за безбедноста, со оглед на тоа што злонамерни актери се обидуваат да манипулираат со температурата во фрижидерските системи во продавници и други објекти.

По слични напади низ Европа, САД, исто така, предупредија за „перманентна сајбер закана“ за индустриските системи за ладење.

„Доколку ваквата ранливост успешно се искористи, напаѓачите би можеле да ја променат температурата, што потенцијално би можело да доведе до физички последици, како што се ризикот од пожар, губење на залихи и промени во работниот век на самиот систем“, се вели во соопштението издадено од ФБИ, агенцијата за сајбер безбедност CISA и други владини институции.

Во соопштението се додава дека непознати „злонамерни сајбер актери“ ги таргетираат ранливостите во електронските контролери на температурата и комерцијалните системи за ладење, достапни преку Интернет, што се користат во продавниците за храна и објектите за ладилници.

„Секоја организација што зависи од системи за ладење и надзор, треба да претпостави дека можат да бидат цел“, рече Крис Бутера, вршител на должноста извршен помошник-директор за сајбер безбедност во CISA.

Порано оваа недела, претставници на европските малопродажни синџири објавија дека во повеќе од 70 продавници и супермаркети во Белгија, Луксембург и Шведска, температурата во фрижидерите и замрзнувачите била зголемена од хакерски напад, а храната што се чувала во нив била фрлена за да се избегнат безбедносни ризици.

Во Франција, хакерите ја зголемиле температурата во фрижидерите на француската служба за трансфузија на крв од -30 степени Целзиусови на 110 степени, според Францускиот институт за трансфузија на крв.