Министерството за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Македонски железници транспорт и инфраструктура, Јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Макфакс

05/11/2026

11:30

28

Големина на фонт

а а а

Министерството за транспорт ја обвинува ДУИ и СДСМ дека ја уништиле работата на јавните претпријатија Македонски железници транспорт и инфраструктура, повикувајќи го Јавното обвинителство да постапи по наодите од ревизорските извештаи што покажуваат сериозни проблеми во работењето.

Двете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Македонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, велат од Министерството за транспорт.

„Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување.

Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи.

Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија“, соопшти Министерството за транспорт.