УНИЦЕФ: Трипати повеќе пријавени напади со штета врз водоводните и санитарните системи во војни

Точка

05/11/2026

11:06

52

Големина на фонт

а а а

Извештајот „Вода под оган“ документира напади во 23 земји и територии. Прекинот на снабдувањето со безбедна вода го зголемува ризикот од болести и ги отежнува здравствените услуги.

Бројот на пријавени напади што оштетиле или уништиле водоводни и санитарни системи во вооружени конфликти се зголемил трипати меѓу 2021 и 2025 година, според извештајот на УНИЦЕФ „Вода под оган“. Истражувањето опфаќа 23 земји и територии и документира случаи до јуни 2026 година.

Во Буркина Фасо, од 2020 до 2025 година биле уништени повеќе од 145 места за снабдување со вода. Според извештајот, околу 830.000 луѓе останале без пристап до нив, а повеќе од половината биле деца.

Водопречистителна станица во Атбара

Старата водопречистителна станица во Атбара, Судан, се обновува со поддршка на УНИЦЕФ. Фото: УНИЦЕФ

Прекините го отежнуваат и лекувањето

Без безбедна вода, здравствените установи потешко стерилизираат опрема и подготвуваат храна за лекување на тешко потхранети деца. Прекин може да има и кога цевките се цели, ако пумпите останат без струја.

УНИЦЕФ бара заштита на инфраструктурата, екипите што ја одржуваат и луѓето што одат по вода, како и систематско евидентирање на нападите.

Фото на каверот: УНИЦЕФ / Al-Basha.

Извештај на УНИЦЕФ