Американскиот милијардер Илон Маск изгуби речиси 25 милијарди долари од своето богатство поради изборната победа на демократите што го предизвика пад на вредноста на акциите на неговите компании.
Богатството на американскиот милијардер Илон Маск се намалило за речиси 25 милијарди долари по изборите за Конгресот на САД, на кои демократите освоија мнозинство во Сенатот и во Претставничкиот дом.
Маск, кој и покрај претходните несогласувања со американскиот претседател Доналд Трамп, на изборите ги поддржуваше републиканците, претрпел значителна загуба по падот на вредноста на акциите на неговите компании.

Според објавените податоци, акциите на „Тесла“ паднале за 2,59 отсто, а на „Спејс икс“ за 2,06 отсто, додека вкупното намалување на неговото проценето богатство изнесувало 24,8 милијарди долари.
Маск на изборните резултати реагираше со иронична објава на својата социјална мрежа Икс.
„Изгледа дека моите вселенски ласери за попречување на изборите овојпат не функционираа“, напиша тој, алудирајќи на неоснованите теории на заговор за наводно мешање во претходните американски избори преку неговата сателитска мрежа „Старлинк“.
И покрај загубата, Маск останува најбогатиот човек во светот. Според бројките, неговото богатство се проценува на околу 900 милијарди долари.












