Делови од општините Кисела Вода, Гази Баба и Чаир денеска без струја

Макфакс

05/11/2026

06:45

147

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија АД известува дека денеска одредени делови на општините Кисела Вода, Гази Баба и Чаир ќе бидат без електрична енергија заради планирани технички зафати.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов лоцирани на потегот од раскрсницата со улицата Марко Орешковиќ до крајот на улицата Димо Хаџи Димов, општина Кисела Вода;

· во периодот од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од улиците Благоја Стефковски, Разлошка, Валандовска и Никола Киров Мајски, општина Гази Баба;

· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Архиепископ Ангелариј, Дичо Зограф, Јорганџиска и Макариј Фрчковски, како и објектите на црквата Свети Спас и Националниот Конзерваторски Институт, општина Чаир;

· во периодот од 09.15 до 11.30 часот, дел од корисниците од населба Колонија, општина Гази Баба.