[ВИДЕО] Интерпелацијата за Трајко Славески ќе биде поднесена деновиве, најави Филипче

Макфакс

04/11/2026

14:50

296

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ најави дека интерпелацијата за гувернерот на Народната банка Трајко Славески ќе биде поднесена во наредните денови, поради неговата одговорност за ситуацијата со Алта банка и финансиската криза што ја загрозува стабилноста на пазарот.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ќе биде поднесена во наредните денови.

Филипче посочи дека Славески мора да понесе одговорност за погрешните одлуки околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, сомнителниот капитал и состојбата во која се доведени граѓаните да не можат да пристапат до сопствените пари.

„Ја подготвуваме и овие денови ќе биде поднесена. Вчера поднесовме интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер Иван Стоилковиќ“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, го повика Славески да си поднесе оставка, бидејќи, како што рече, со неговите постапки и конфузни изјави дополнително ја продлабочува кризата и се обидува да се спаси себе си и премиерот Христијан Мицкоски.