Присуството на глобални компании значајно за развојот на националната економија: Димовски со менаџментот на компанијата Џојсон Сејфти Системс

Макфакс

04/11/2026

14:00

245

Големина на фонт

а а а

Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, се сретна со менаџментот на компанијата Џојсон Сејфти Системс во Германија за да разговараат за соработката и можностите за развој на производствените капацитети во ТИРЗ Кичево, потенцирајќи ја важноста на присуството на глобални компании за националната економија.

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес во Ашафенбург, Сојузна Република Германија, оствари средба со менаџментот на компанијата „Џојсон Сејфти Системс“, која е присутна и во Македонија со своите производствени капацитети во ТИРЗ Кичево.

Во фокусот на средбата беа досегашната соработка, тековните активности на компанијата и можностите за нејзин понатамошен развој.

Посебно внимание беше посветено на перспективите за продлабочување на партнерството и потенцијалите за проширување на инвестицијата во ТИРЗ Кичево.

Димовски истакна дека присуството на глобални компании како „Џојсон Сејфти Системс“ има значајна улога во развојот на националната економија, посочувајќи дека долгорочната соработка со постојните инвеститори е подеднакво важна како и привлекувањето нови инвестиции, особено во контекст на создавањето услови за технолошки напредок и отворање нови можности за економски раст.

Средбата претставува продолжување на активниот дијалог на Дирекцијата за ТИРЗ со постојните странски инвеститори, со цел навремено препознавање на нивните развојни потреби и градење стабилни партнерства кои ќе придонесат за долгорочен и конкурентен развој.