ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и Венко Филипче предизвикуваат страв и паника кај граѓаните преку различни теми, како мигрантската криза, водата и пензиите, и тоа го прават за политички поени, додека институциите превземаат мерки за заштита на јавниот интерес.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, СДСМ и Венко Филипче никако не ја напуштат матрицата, како што велат, било која тема и состојба во државата да ја користат за кревање хистерија да предизвикаат страх и паника кај граѓаните.
„Така беше со темата мигранти во Македонија, со водата во Гостивар, следно ширеа паника дека водата за пиење во Скопје е небезбедна, потоа дека ПИОМ бил загрозен, а пензионерите нема да можат пензиите да си ги земат и што ли уште не.
Сега најново се фатија и за состојбата со банкарскиот систем, како нов обид за да стигнат до медиумски простор и да спечалат некој беден политички поен, зошто со план, програма и понуда до граѓаните, очигледно не можат“.
Од партијата на власт потенцираат дека ниту банкарскиот систем во државата е доведен во прашање, ниту има незадоволство, ниту немир или паника.
„Единствено СДС и Венко Филипче сакаат вештачки да предизвикаат немир и паника кај граѓаните и нивна недоверба во банкарскиот сектор и државните институции.
Нафрлените тези на Венко Филипче во завиена прашална форма не го спасуваат од одговорноста за обидот да креира страв, паника и несигурност кај граѓаните дека им се загрозени парите“.
Државата, вклучително и Народна банка, уверуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, инвеститорите.
„Фабриката за креирање страв и паника на СДС, под водството со Филипче нема да успее, како што не им успеа ни со мигрантите, ни со водата, нити пак со пензиите“.








