Син претепал татко, закани, физички напади врз жени: Регистрирани повеќе случаи на семејно насилство

Макфакс

04/11/2026

12:30

250

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа во повеќе македонски градови се регистрирани случаи на семејно насилство, вклучувајќи физички напади и закани во семејните домови. Полицијата презема мерки и следуваат пријави против сторителите.

Во ОВР Берово, во текот на вчерашниот ден во 15:30 часот, 43-годишна жена од Берово пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Д. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден во Кочани во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна сопруга дека околу 15:00 часот во семејниот дом и упатил закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во ОВР Струга вчера во 11:30 часот било пријавено дека, Ј.Б. од струшко село, во семејниот дом физички го нападнал неговиот 67-годишен татко. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.