Александар Вучиќ, поранешен претседател на Србија, објави видео во кое подготвува сендвич и зборува за својата едноставност и најавува борба против злото што ја загрозува Србија.
Александар Вучиќ, кој до неодамна беше претседател на Србија и кој редовно објавува содржини на социјалните мрежи по изборниот пораз – сподели ново видео. Во седиштето на Српската напредна странка, тој е прикажан како си подготвува сендвич, со сувомесни производи и сирење.
Во видеото, Вучиќ се обидува да потпече леб и сече домат, притоа најавувајќи борба против „злото што ја уништува Србија“.
„За разлика од другите, јас сум човек од народот – едноставен, рурален тип. Малку ќе го потпечам лебот, ќе ставам путер и сирење, ќе додадам сувомесни производи и – ете – врвен ручек. Одличен ручек“, вели тој во снимката.
Један сасвим обичан дан у @sns_srbija. https://t.co/2ZjqEcB0F6
— Александар Вучић (@avucic) November 3, 2026
„Да се бориме против ова големо зло“
„Мило ми е што гледам толку прекрасни луѓе како доаѓаат овде, во својата партија. Ќе продолжиме вредно да работиме. Секој овде има можност да си направи сендвич. Сите се добредојдени – ајде да се бориме против ова големо зло што веќе започна и кое се заканува да предизвика уште поголем хаос во нашата земја“, изјави тој.
Во видеото, Вучиќ носи фармерки чија малопродажна цена се движи меѓу 900 и 1.200 евра, во зависност од конкретниот модел, објавија некои медиуми.








