Без струја денеска делови од неколку скопски општини

Макфакс

04/11/2026

06:30

223

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија АД известува дека денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку скопски општини поради планирани интервенции и работи на електро-мрежата.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија кe останат следните корисници:

· Поради интервенција во ТС Маџари 19 од 08.30-14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите улицата Никола Киров-Мајски и улицата Благоја Стефковски во Маџари, општина Гази Баба;

· Поради интервенција во ЕЕ мрежа од 09.00-10.00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите позади Џамијата, улиците 1, 3 и 5 во село Сарај, општина Сарај;

· Поради планирана работа од 09.00-12.00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите од улицата Саса2, општина Кисела Вода;

· Планиран прекин во период од 10,00ч до 13,00ч на улицата Коста Новаковиќ (од Зур маркет 5 до крајот на улицата кај салата на Јаховини сведоци).