Дел од Центар денеска без вода

Макфакс

04/11/2026

06:30

197

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и канализација известува за прекин на водоснабдувањето во дел од општина Центар поради уличен дефект на крстосницата Борка Талевски и Апостол Гусларот. Водата ќе биде исклучена од 08:30 часот до завршување на интервенцијата.

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска ќе има прекин на водоснабдувањето:

· Поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Борка Талевски / Апостол Гусларот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Борка Талевски (потегот од Ленинова до Рајко Жинзифов, вклучително и ООУ Јохан Хајнрих Песталоци), општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.