Норвешката влада ќе инвестира над 100 милиони долари во украинската одбранбена индустрија, со цел да поттикне приватни инвестиции и да ја унапреди украинската одбранбена способност со помош на државни фондови и норвешки бизнис сектор.
Норвешката влада денеска најави инвестиција од една милијарда норвешки круни (107,6 милиони долари) во Украина, во соработка со норвешкиот деловен сектор.
Средствата се наменети за поттикнување дополнителни приватни инвестиции од Норвешка во украинската одбранбена индустрија.
„Норвешките инвестиции можат да помогнат украинскиот одбранбен сектор да се развива уште побрзо“, изјави норвешката министерка за индустрија и трговија, Сесилие Мирсет.
Со програмата ќе управува „Инвестинор“, норвешка инвестициска компанија во државна сопственост.








