Утре променливо облачно време со повремени сончеви периоди

Макфакс

03/11/2026

16:50

219

Големина на фонт

а а а

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и засилен ветер на места, додека следните денови се очекува стабилно и суво време со услови за утринска магла и постудени утра.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степена.