Сиљановска-Давкова и Копман за можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички блокади

Макфакс

03/11/2026

15:30

193

Големина на фонт

а а а

Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со Герт Јан Копман во Брисел каде разговараа за можностите за забрзување на процесот на европска интеграција и за конкретните механизми кои ќе овозможат напредок, со посебен акцент на решавање политичките блокади.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST).

Предмет на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички блокади.

Сиљановска-Давкова ја истакна потребата од разгледување на расположливите институционални и правни инструменти на Унијата, со цел да се идентификуваат конкретни чекори што ќе овозможат придвижување на процесот врз основа на реформските постигнувања и исполнетите критериуми, независно од билатералните блокади од страна на земјите членки.

За неа, важно е техничката подготвеност и спроведените реформи да добијат соодветно вреднување, а европската перспектива да се претвори во предвидлив процес со јасни чекори и мерливи резултати.