Денеска делови од општините Гази Баба и Илинден ќе останат без електрична енергија поради планирани технички работи на расклопна опрема и далновод.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 08:30ч до 11:30ч улицата Ордан Чопела и Иван Наумов Алабакот (чистење и проверка на расклопна опрема и долевање на масло во кабловските глави и трансформаторот); општина Гази Баба;
· Во период од 08:40ч до 10:40ч село Мралино, поради работа на 10kw далновод; општина Илинден;
· Во период од 12:00ч до 15:00ч дел од улицата Благоја Стефковски и улицата Анри Барбис, поради работа во ТС Маџари 8 (чистење, проверка на расклопна опрема и долевање на масло во кабловските глави и трансформаторот), општина Гази Баба.







