Министерството за внатрешни работи информира за три нови случаи на семејно насилство што се случиле во Куманово, Кочани и Гостивар, во кои се нападнати родители, сестра и малолетно лице.
Три случаи на семејно насилство се пријавени во Куманово, Кочани и Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи.
Во Куманово, вчера (1 ноември), во 18:15 часот, полицијата уапсила 36-годишен маж од кумановско село, откако физички ги нападнал својот татко и сестра. Тој бил приведен во полициска станица и против него ќе следува соодветна пријава.
Истиот ден, во Кочани била уапсена 45-годишна жена од Пехчево, која по кратка расправија физички го нападнала својот 69-годишен татко во домот на нејзините родители. За случајот е известен јавен обвинител.
Во Гостивар, пак, 45-годишна жена пријавила дека на 31 октомври, околу 23:30 часот, нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од неговата мајка и сестра по претходна расправија. Според пријавата, сестрата употребила и тврд предмет.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.








