Добри сигнали за Баерн: Олисе и Нојер на тренинг пред гостувањето кај Атлетико

Точка

02/11/2026

13:15

249

Големина на фонт

а а а

Двајцата фудбалери се појавија на завршниот тренинг во Минхен. Олисе тренираше со бандажирано колено, а учеството на тренингот сè уште не е конечна потврда за настап во Мадрид.

Михаел Олисе и Мануел Нојер се појавија на завршниот тренинг на Баерн пред патувањето во Мадрид. Според информацијата на германската агенција ДПА, објавена денеска, двајцата работеа на теренот во Минхен пред дуелот со Атлетико.

Олисе тренираше со бандажирано колено. Французинот беше заменет во завршницата од саботното реми 2:2 со Борусија Дортмунд поради проблеми со коленото, додека Нојер го пропушти дербито поради повреда на стапалото.

Серж Гнабри при претходна повреда (архивска фотографија).

Позитивен сигнал, но се чека конечната одлука

Учеството на тренингот ја зголемува надежта дека двајцата ќе бидат на располагање за европскиот натпревар. Сепак, кај Олисе тоа сè уште не претставува конечна потврда за настап.

Кадровските проблеми остануваат. Џамал Мусијала и Луис Дијас денеска одработиле индивидуални вежби со топка, додека Исмаел Саибари е надвор од комбинација по операцијата на стапалото, а Серж Гнабри поради мускулна повреда.

Натпреварот Атлетико Мадрид – Баерн од четвртото коло на Лигата на шампионите се игра утре, вторник, 3 ноември во 21:00 часот по Скопје, на „Метрополитано“.