Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Макфакс

02/11/2026

10:30

192

Големина на фонт

а а а

ЈП Паркинзи на Општина Центар во текот на минатата недела отстранија 120 непрописно паркирани возила со помош на специјалното возило „Пајак“, со цел подигнување на сообраќајната свест и обезбедување безбедност на сообраќајот во општината.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 26.10 до 01.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Сообраќајна култура

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.