Општина Бутел ги отстрани нелегалните метални блокатори и ги ослободи узурпираните јавни паркинг места во Скопје Север, нагласувајќи дека законите важат за сите подеднакво.
Денеска надлежните служби на Општина Бутел ги отстранија нелегално поставените метални блокатори и ги ослободија узурпираните јавни паркинг-места во Скопје Север, извести Општината.
„Во општина Бутел ниту еден граѓанин нема право да присвојува јавен простор. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека законите важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок и се спроведуваат на целата територија на општина Бутел“, додаваат од Општината.








