„Звучни хоризонти на Македонија“ на Мимоза Ќека вечерва во КИЦ – Скопје

Макфакс

02/11/2026

09:21

169

Големина на фонт

а а а

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје, пијанистката д-р Мимоза Ќека ќе го одржи солистичкиот рецитал „Звучни хоризонти на Македонија“.

Концертната програма обединува дела од Јохан Себастијан Бах, Волфганг Амадеус Моцарт, Томислав Зографски и Морис Равел, со посебен акцент на пијанистичките транскрипции и различните начини на обликување на музичкиот израз на клавирот.

Мимоза Ќека е концертна пијанистка и доктор по музички уметности, со меѓународна концертна дејност како солистка и камерна музичарка. Настапувала во Њујорк, Париз, Виена, Рим, Прага и Милано, а нејзината професионална дејност ги опфаќа концертната интерпретација, пијанистичката педагогија и авторските концертни проекти.

Проектот „Звучни хоризонти на Македонија“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.