Полскиот претседател итно се враќа во земјата по случувањата во Уставниот суд

Макфакс

30/10/2026

20:50

123

Големина на фонт

а а а

Полскиот претседател Карол Навроцки итно се враќа во земјата откако полицијата интервенираше во просториите на Уставниот суд и претседателот на судот беше суспендиран, што резултира со сериозен политички спор и парализа на институцијата.

Полскиот претседател Карол Навроцки во петокот го прекина патувањето во Сенегал и одлучи да се врати во Полска, откако полицијата интервенираше во просториите на Уставниот суд, а претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, беше суспендиран.

„Во ваков момент претседателот мора да биде во Полска. Го прекинувам патувањето во Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата Икс.

Полската полиција соопшти дека нејзини припадници интервенирале на територијата на Уставниот суд по инциденти пред зградата, при кои кон полицајците биле фрлани опасни предмети.

На интернет-страницата на полскиот Уставен суд беше објавено соопштение дека претседателот на институцијата, Богдан Швјенчковски, во петокот бил суспендиран од должноста.

Долготрајниот политички спор околу Уставниот суд практично ја парализирал работата на оваа институција.

Навроцки, кој е сојузник на поранешната полска влада, претходно годинава одби да ја прими заклетвата на тројца од шесте судии избрани од парламентот. Од друга страна, Швјенчковски одби да им овозможи на судиите избрани од актуелното парламентарно мнозинство да стапат на должност.