Криста Пајк првпат проговори по неуспешното погубување, вели дека постојано чувствува болка

Макфакс

30/10/2026

19:50

214

Големина на фонт

а а а

Американската затвореничка осудена на смрт, Криста Пајк, ја објави својата прва јавна изјава по неуспешниот обид за извршување на смртната казна во септември.

„Од таа ноќ не поминал ниту еден момент без да чувствувам болка“, наведе таа во изјавата што нејзиниот правен тим ја објави во петокот на социјалните мрежи.

„Ме боли целото тело. Ме болат рацете. Ме болат дланките. Ме боли грлото. Сè уште имам тешкотии со говорот. А болката не е само физичка. Постои болка во мојот ум и во мојата душа“, изјави Пајк.

Педесетгодишната Криста Пајк беше отпуштена од болница по неуспешното погубување на 30 септември, кога преживеа две дози од смртоносната инјекција со пентобарбитал. По постапката, таа се наоѓаше во критична здравствена состојба.

Гувернерот на американската сојузна држава Тенеси, Бил Ли, претходно денеска изнесе нови информации за нејзиниот статус, навестувајќи дека Пајк сепак би можела да биде погубена доколку судовите не донесат поинаква одлука.