Зеленски утре пристигнува во Турција на разговори со Ердоган

Макфакс

30/10/2026

18:10

207

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја посети Турција, каде што со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе разговара за војната со Русија и безбедноста во Црното Море, соопшти денеска турското претседателство.

Средбата ќе се одржи во Истанбул, а разговорите ќе бидат насочени кон зајакнување на билатералната соработка, регионалните и меѓународните случувања, вклучително и руско-украинскиот конфликт.

Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјавил дека Турција е подготвена да ги поддржи напорите за обновување на преговорите меѓу Украина и Русија со цел завршување на војната.

Турција претходно им доставила на Киев и Москва меморандум за запирање на нападите врз трговските бродови во Црното Море. Анкара, која одржува блиски односи со двете земји, повеќепати понуди да биде домаќин на мировни преговори.