[ВИДЕО] Откриено и казнето лице кое со камион истураше градежен шут на зелена површина

Макфакс

30/10/2026

14:40

315

Големина на фонт

а а а

МВР откри и казни лице кое со товарно возило истураше градежен шут на зелена површина во општина Карпош, по што се преземени законски мерки во соработка со инспекторатот за животна средина.

МВР соопшти дека денеска (30.10.2026), во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина.

По преземените мерки и активности, информира полицијата, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки.