Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа своите претстојни предизборни собири во Канзас и Ајова, што покрена прашања за неговото здравје. Во еден жесток разговор со новинар на Ројтерс, Трамп го нападна новинарот користејќи силни зборови, објаснувајќи ја својата одлука да не патува и истакнувајќи дека се чувствува совршено.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа предизборните собири во Канзас и Ајова, кои беа планирани за овој викенд, пред конгресните избори на 3 ноември. Наместо настапи во живо, тој ќе одржи серија предизборни собири преку телефон – одлука што покрена прашања за неговата здравствена состојба и евентуален замор по интензивната кампања.
Вчера, по враќањето од предизборен собир во Јужна Каролина, Трамп остро реагираше кон новинар на „Ројтерс“, кој праша дали го откажал патувањето во Канзас бидејќи е уморен од патувања. Новинарот, Џејкоб Богејџ, претходно праша како се чувствува по толку многу патувања и се интересираше за неговото здравје. Трамп одговори дека се чувствува многу добро и изрази уверување дека републиканците ќе остварат добар резултат на изборите.
Q: "You not going to Kansas has nothing to do with you being sick of travel?"
President Trump: "You’re sick to ask that question. You are sick…I don’t feel I have to go to Kansas…I feel perfect. You are disgusting. Put yourself in shape. You look like hell!" https://t.co/8jfPolxExW
— CSPAN (@cspan) October 29, 2026
Новинарот потоа праша дали откажувањето на собирот во Канзас има некаква врска со тоа што тој е уморен од патувања. Трамп веднаш возврати: „Болен си штом поставуваш такво прашање. Болен си“, рече тој, а потоа го праша новинарот за кој медиум работи. „Погледнете го овој човек. Воопшто не е во форма“, забележа Трамп, пред да објасни зошто нема да патува во Канзас.
„Не одам во Канзас бидејќи таму им оди многу добро. Ќе одржам телефонски собир. Утре одам на Флорида. По 28 собири, тој ме прашува која е причината. Знаете ли која е причината? Мислам дека нема потреба да одам во Канзас“, рече Трамп, осврнувајќи се на републиканскиот сенатор Роџер Маршал.
На крајот, тој повторно му се обрати на новинарот од „Ројтерс“. „Ме следиш веќе две недели. Се чувствувам совршено. Одвратен си – доведи се во форма, изгледаш ужасно“, му рече Трамп.












