Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни се најавени за понеделник

Макфакс

30/10/2026

07:29

355

Големина на фонт

а а а

Во текстот се презентира временската прогноза со опис на променливото облачно време и повремени локални врнежи од дожд, како и посебни временски услови за одделни региони на Македонија во наредните денови.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.