По судирот на два брзи воза во Толедо, Шпанија, бројот на загинати се искачи на 74, а првичните информации укажуваат дека технички дефект и човечки грешки предизвикале несреќа. Спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на инцидентот.
Бројот на жртви по судирот на два брзи воза во шпанската покраина Толедо, се искачи на 74, според Комисијата за истражување на железнички несреќи (CIAF), додека спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на несреќата.
Прелиминарните наоди укажуваат дека технички дефект, проследен со низа човечки грешки, довел до несреќата, објавува шпанскиот портал „El Diario“.
Проблемите започнале околу 8:30 часот наутро во средата, кога системот за контрола на сообраќајот LZB престанал да работи поради дефект на софтверот, пренесува Танјуг.








